Дома Останати Ракомет Таткото на Милош Керкез го потврди трансферот во Ливерпул

Таткото на Милош Керкез го потврди трансферот во Ливерпул

Трансферот на Милош Керкез од Борнмут во Ливерпул беше потврден од таткото и агентот на унгарскиот лев бек Себастијан Керкез. Во разговор за YouTube каналот Super Indirektno, откри дека договорот е практично завршен.

Се очекува 21-годишниот Унгарец да помине лекарски прегледи следната недела и да биде третото ново засилување на шампионите по Џереми Фримпонг и Флоријан Виртц, кој во петок треба официјално да стане играч на мераклиите од Мерсисајд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„За нас Ливерпул беше единствениот клуб. Не преговаравме со други клубови. Сè меѓу нас е договорено. Неопходно е да се доразјаснат некои детали, но во принцип, работата е завршена“, изјави Себастијан Керкез, кој додаде дека спортскиот директор на мераклиите од Мерсисајд Ричард Хјуз имал одлучувачка улога во трансферот. „Ричард Хјуз нè доведе во Борнмут. Ако ни кажеше да одиме во Индија, ќе одевме и таму. Сè е договорено, остануваат само некои мали работи“.

Се очекува Ливерпул да плати околу 45 милиони фунти за Керкез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …