
Манчестер Јунајтед ова лето ќе мора да се сврти кон трансфер пазарот за да го зајакне тимот, а сега имаат избрано играч од Брентфорд.
Црвените ѓаволи зад себе имаат една од најлошите сезони во својата историја.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Во англиската Премиер лига завршија на очајното 16. место, а во домашните куп натпреварувања испаднаа во раните фази.
Завршниот удар го добија од екипата на Тотенхем кога ги победија во англиското финале на Лигата на Европа и ги остаија и без тој трофеј.
Манчестер Јунајтед следната сезона нема да игра во Европа и без сомнение ќе мора да дојде до промени во играчкиот кадар.
Матеус Куња веќе потпиша за клубот од црвениот дел на Манчестер, но тука секако нема да биде крај на нивната активност на трансфер пазарот.
Како што наведува англискиот новинар Алекс Крук, договорот помеѓу Мбеуто и Црвените ѓаволи веќе е постигнат и тие ги прифатија неговите услови.
Платата за францускиот напаѓач ќе изнесува неверојатни 250,000 фунти (нешто помалку од 300,000 евра) на неделно ниво.
Фото: Принтскрин