Дома Фудбал Мурињо се скара со Турците: Имам повеќе финалиња сам отколку вие во целата историја

Мурињо се скара со Турците: Имам повеќе финалиња сам отколку вие во целата историја

Фудбалерите на Фенербахче во понеделникот навечер беа поразени на гостувањето кај предпоследниот Хатај со 4:2 во натпревар кој немаше резултатско значење за двата клуба, но служеше како повод за турските медиуми жестоко да го нападнат Жозе Мурињо – тренерот на истанбулскиот клуб.

И покрај тоа, овие четири примени погодоци од еден од послабите тимови во лигата фрлија сенка врз работата на Мурињо, а конфликтот со медиумите дополнително беше подгреан бидејќи Жозе не направи “промени” во тимот, туку го изведе на терен со ветераните Душан Тадиќ и Един Џеко.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во моменти кога критиките кон Мурињо закануваа да го надминат секое ниво, Португалецот изнесе податок дека во последните седум години играл во две европски финалиња.

„Тоа е повеќе отколку што турскиот фудбал има во целата своја историја. Минатото лето се стремевме кон пласман во Лигата на шампионите, но играчите дојдоа уморни од Европското првенство. Претстојното лето започнуваме нов обид,” рече Мурињо чиј договор со Фенер истекува на крајот од следната сезона.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леброн Џејмс размислува за заминување од Лејкерс? Еве што открива неговиот агент!

Агентот на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, Рич Пол, се огласи за гласините дека Џејмс б…