Дома Македонски спорт Мак фудбал Откриен идентитетот на фудбалерот кој беше застрелан пред локал во населбата Аеродром

Откриен идентитетот на фудбалерот кој беше застрелан пред локал во населбата Аеродром

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.

Според очевидци, со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Напаѓачот влегол во угостителски објект и започнал со пукање, според неофицијални информации. Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транспортирале во непознат правец.

Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција.

Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…