Дома Фудбал Aморим ги смирува навивачите: Не е време за еуфорија!

Aморим ги смирува навивачите: Не е време за еуфорија!

Рубен Аморим, по победата на Манчестер Јунајтед над Атлетик Билбао, изјави дека неговиот тим не смее да мисли дека по првиот натпревар го обезбедиле пласманот во финалето на Лигата на Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јунајтед победи со 3:0 во Шпанија во првиот полуфинален натпревар.

„Уште ништо не е завршено. Не ја разбирам оваа еуфорија додека сè уште не сме го обезбедиле пласманот во финалето. Тоа едноставно не смееме да си дозволиме повеќе“, рече Португалецот, па додаде:

„Тоа што го направивме вечерва, како што постигнавме три гола, можат и тие да го сторат истото во реваншот на ‘Олд Трафорд’ и тогаш ситуацијата може да се измени тотално. Еден старт, жолт картон, исклучување или продолженија можат исто така да се случат. Тоа се сите реални ситуации во фудбалот, ако се опуштите“.

Аморим изјави дека неговиот тим мора да се посвети на секој играч.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …