
Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола се одигра возбудлив дуел помеѓу Пелистер и Вардар, кој по драматична завршница беше освоен од страна на црвено-црните со резултат од 35-34. Оваа победа им ја донесе и првата позиција на табелата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Решавачкиот гол го постигна Дмитро Хориха во последните секунди од играта. Со силен удар од десет метри, го остави без шанса голманот Никола Митревски.
Вардар со триумфот се искачи на лидерската позиција на табелата со 12 бодови, само еден повеќе од Пелистер и четири повеќе од Алкалоид, кој има натпревар помалку.
Најефикасен играч за Вардар беше Младен Крсманчиќ со 11 голови, додека Дмитро Хориха и Вуко Борозан постигнаа по седум голови секој. За Пелистер, Дејан Манасков беше најдобар со десет погодока.