Дома Останати Ракомет Трагедија: Загина светска вицешампионката во ракомет

Трагедија: Загина светска вицешампионката во ракомет

Трагична вест доаѓа од Унгарија. Ракометарката Доротја Жофија Киш (21) загина во сообраќајна несреќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киш настапуваше за клубот ЕРД, како и за младата репрезентација на Унгарија.

Во 2022 година стана вицешампионка на светот со репрезентацијата на Унгарија за играчи до 20 години.

Тогаш, Унгарија освои сребро на Светското првенство во Словенија.

„Со длабока тага ги известуваме членовите на нашата заедница дека нашата некогашна ракометарка, Доротја Жофија Киш, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Играше за нашиот клуб повеќе од десет години. Имаше само 21 година“, наведоа од нејзиниот клуб.

Фотографија: ÉRD Handball

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Мак…