
Без оглед на напаѓачите, Манчестер Јунајтед се подготвува за многу активен летен период, можеби и клучен за поблиската иднина на клубот. Ова ќе биде првиот трансферен период на Рубен Аморим, со кого на тренерската позиција се планира да се изгради иднината.
Аморим и Манчестер Јунајтед ќе се ослободат од барем десетина играчи, кои оваа сезона целосно разочараа, додека ќе заминат и некои фудбалери кои се на позајмица.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Истовремено, се работи на засилување во нападот и офанзивната линија на тимот во следната сезона би требало да изгледа сосема поинаку со новиот двоец.
Како што пренесе угледниот новинар на „ЕСПН“ Роб Доусон, Манчестер Јунајтед во летниот период сака да ги доведе Виктор Осимхен и Лиам Делап, двајца централни напаѓачи, и сака да ги има во тандем.
Осимхен веќе со години е голема желба на Јунајтед како еден од најдобрите напаѓачи на Европа, а по одличната позајмица оваа сезона во Галатасарај, извесно е дека ќе го напушти Наполи како слобoден играч. Манчестер Јунајтед има средства за да го привлече со висока плата.
Посебно се истакнува второто име, а тоа е младиот напаѓач на Ипсвич Лиам Делап. Станува збор за некогашен младинец на големиот ривал Манчестер Сити, кој блеска во Ипсвич за кого оваа сезона постигна 12 голови.
Делап ја започна кариерата во Сити, но од таму го продадоа на Ипсвич. Младиот напаѓач (21) заблеска во првата сезона во новиот клуб и има интересна клаузула – по официјалното испаѓање на Ипсвич од Премиер лигата, ќе биде достапен за само 30 милиони фунти, што во денешниот фудбал е ниска цена за таков млад и талентиран напаѓач.
Фото: Manchester United/FB