Дома Фудбал Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Манчестер јунајтед има сериозни планови за претстојното лето, барем ако им се верува на медиумите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој пат „Екип“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се заинтересирани за фудбалерот на Монако Магнес Аклиуш, кој игра одлично оваа сезона.

Крилниот играч блесна минатата сезона, а оваа го продолжи истиот ритам, па не остана незабележан од покрај радарот на Јунајтед. Меѓутоа, не се единствени, затоа што како што пренесува „Екип“, Магнес го следат и Сити и Њукасл.

Монако е подготвен да го продаде за 50.000.000, што не би требало да биде проблем за ниеден од овие клубови, особено ако Јунајтед ги продаде сите играчи што ги планирал.

Ако Сити остане без Грилиш, Французинот со алжирско потекло би можел да биде опција.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …