
Симоне Инзаги ќе остане тренер на Интер.
Раководството на шампионот на Италија и Инзаги постигнале договор за продолжување на соработката, без оглед на резултатот од реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тој дуел се игра утре во Милано од 21 часот, а Интер пред седум дена победи во Минхен со резултат 2:1.
Угледната “Газета дело спорт” пишува дека Инзаги ќе потпише нов договор по завршувањето на натпреварот со Баерн.
Интер оваа сезона игра одлично.
Освен што е на прагот на завршницата на Лигата на шампионите, овој клуб е на првото место во Серија А и шест кола пред крајот има три бода повеќе од второпласираниот Наполи.
Црно-сините се во борба и за трофејот во Купот на Италија. Таму стигнале до полуфиналето, очекувајќи ги реванш против градскиот ривал Милан, а првиот натпревар заврши со резултат 1:1.
Инзагиовиот актуелен договор истекува на 30-ти јуни 2026 година, па затоа раководството на Интер не сакаше да ризикува да влезе во новата сезона со каков било притисок, дали некој ќе го “украде” или тој ќе посака да замине на друга дестинација.
Сегашната плата од 6.500.000 евра по сезона ќе му биде зголемена на 7.000.000 годишно.
Фото: Inter FC