
Манчестер Јунајтед е заинтересиран летово да го ангажира напаѓачот на Волверхемптон, Матheus Kunja, изјави поранешниот главен скаут Мик Браун.
Се очекува Црвените Ѓаволи да ја засилат својата екипа за време на летниот трансфер период, а менаџерот Рубен Аморим призна дека би сакал да си осигура два големи играчи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во изјава за Football Insider, Браун откри дека Јунајтед е еден од клубовите што сакаат да го доведат Куња, но наместо тоа, тој би можел да премине во Ливерпул.
“Арсенал го бараше, Нотингем Форест е тука, потоа ги имате Челзи и Ливерпул, а ми рекоа дека и Јунајтед е заинтересиран. Тешко е да се каже дали можат да се договорат, но би можело да биде тешко ако треба да се соочат со тимовите што ги спомнав. Во овој момент, тој повеќе би сакал Ливерпул отколку Јунајтед”, рече тој.
Овој 25-годишник игра одлично за Вулвс од кога дојде од Атлетико Мадрид на почетна позајмица.
Куња постигна 15 голови и забележа четири асистенции во 29 настапи за клубот оваа сезона. Бразилецот исто така е извонреден со своите дриблинзи. Има речиси два успешни дриблинга по натпревар во лигата.
Фото: Manchester United/FB