
Очигледно е дека кариерата на Едерсон во Манчестер Сити е при крај, бидејќи овој голман не би седел на клупата, а Гвардиола веќе не го планира како прв голман.
Јасно е дека следното лето тој ќе го напушти „Етихад“, а како што стојат работите, веќе е познато кој ќе биде новиот голман на Манчестер Сити.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Имено, овој тим наводно го завршува трансферот на ѕвездата на Порто, односно Диого Кошта, кој би требало кариерата да ја продолжи на „Етихад“.
Едерсон покажа дека е феноменален голман во изминатите години, и заедно со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити освои голем број трофеи.
Едерсон одигра 359 натпревари во дресот на Манчестер Сити и успеа да ја сочува мрежата недопрена 161 пат, но имаше проблеми со повреди.
Успеа да одигра 27 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, но Гвардиола оваа сезона му даваше многу повеќе доверба на резервниот голман Ортега отколку што беше случај претходно.