Дома Фудбал Гвардиола: Лажев дека имаме еден процент шанси да го победиме Реал Мадрид

Гвардиола: Лажев дека имаме еден процент шанси да го победиме Реал Мадрид

Највозбудливата двојка во плејофот на овогодишната Лига на шампионите секако е онаа каде што се Реал Мадрид и Манчестер Сити, освојувачите на последните две изданија на ова натпреварување.

Кралскиот клуб минатата недела во Англија славеше со 3-2, па тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола претходно изјави дека шансите на неговиот тим за пласман понатаму изнесуваат само еден процент. Сепак, тоа на крајот го повлече.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Јас лажев за тие еден процент шанси, првпат во кариерата лажам. По тој пораз од 3-2, никој не би вложил на нас. Не е ова идеален резултат, но сметам дека можеме да стигнеме до успех на крајот. Свесен сум за нашите можности, не ми треба Карло ништо да ми каже пред натпреварот“, посочи Гвардиола на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…