Дома Фудбал Гвардиола: Нашите шанси за победа во Мадрид се помали од 1 процент

Гвардиола: Нашите шанси за победа во Мадрид се помали од 1 процент

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе играат во среда со почеток во 21 часот реванш натпревар во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

Средбата во Мадрид ќе даде одговор на прашањето кој од двата великани ќе биде меѓу 16-те најдобри во најсилното европско клубско фудбалско натпреварување, а по поразот од 2:3 во првиот натпревар, Пеп Гвардиола смета дека неговиот состав за тоа има минимални шанси.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Да потсетиме, Реал во првиот натпревар славеше со головите на Килијан Мбапе, Брахим Диаз и Џуд Белингам. Двојниот стрелец за тимот на Гвардиола беше Ерлинг Холанд, а шпанскиот тренер смета дека тој резултат му ги отвора вратите на Реал за пласман во следната фаза на натпреварувањето.

Гвардиола: Ќе се обидеме да ги искористиме шансите

“Шансата за победа на Бернабеу ни е минимална, сите тоа го знаат. Не знам точно колку изнесува во процент, но би рекол помалку од 1 процент. Такви се бидејќи резултатот од првиот натпревар за нас не беше добар. Пет минути пред крајот водевме 2:1, а изгубивме 2:3, па опциите ни се намалени”, рече Гвардиола и заклучи:

“Ќе се обидеме да ги искористиме шансите кои ќе ги имаме и ќе видиме каде тоа ќе не доведе.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Навивачите воодушевени од гестот на Енрике за време на славјето на ПСЖ

ПСЖ под водство на тренерот Луис Енрике оствари историски успех и за првпат ја освои титул…