Дома Трансфер зона Интер договори талент на Динамо Загреб

Интер договори талент на Динамо Загреб

Интер постигна договор со Динамо Загреб за трансфер на дефанзивниот играч за врска Петар Сучиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот на 21-годишниот талент е 14 + 2,5 милиони евра и 10% од парите на неговата следна продажба. Неговиот договор ќе биде на пет сезони.

Идејата на „нероаѕурите“ е Сучиќ да пристигне во јуни за да му помогне на тимот во учеството на Светското клупско првенство на лето. Сепак, лекарските прегледи ќе ги помине во петок.

Сезонава младиот Хрват забележа 17 натпревари со 3 гола и 2 асистенции на сите турнири за Динамо, а во септември дебитираше за репрезентацијата на Хрватска, за која веќе има 5 натпревари со 1 гол и 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…