Поранешниот капитен на Барселона, Жерард Пике, не ја пропушти најновата можност да го искритикува најголемиот ривал на клубот, Реал Мадрид. Сега откако се повлече од фудбалот, веќе светскиот шампион ја коментира актуелната тема со протестното писмо на “белите” против судиите. Според него, од “Бернабеу” само се обидуваат да го одвлечат вниманието од нивниот неуспех во резултатот против Еспањол – 0:1.
“Ова е замајување. Така прават веќе 120 години”, изјави Пике, цитиран од “Марка”.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Кога губат, гледаат да најдат некоја друга тема. Судии им се секогаш криви. Секогаш креваат медиумски притисок и прават врева кога работите не одат како што треба. Навикнати сме на нив…”, додаде Пике.
Конкретно за споменатиот меч против Еспањол, Реал протестираат дека авторот на победничкиот гол, Карлос Ромеро, заслужувал да биде исфрлен порано во дуелот за груб фаул врз Килиан Мбапе.
Пике не запре тука, туку ја иронизираше школата на Реал Мадрид “Ла Фабрика” за фактот што не е толку продуктивна како онаа на Барса – “Ла Масија”. “Во првенството има многу таленти. Кај Барселона тие излегуваат од “Ла Масија”, додека кај Реал од чековната книшка”, рече тој.