Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, но тој одличи да остане во Германија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Силен интерес за него покажуваа неколку гиганти од Премиер лигата, но Шешко ги разочара и стави потпис на нов договор.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Милан, кој е во потрага по врвен напаѓач, но проблем е високата цена на Словенецот.
Милан следното лето ќе инвестира во врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде токму Шешко, за кого „росонерите“ се спремни да понудат 70 милиони евра.