Дома Фудбал Италија Интер немаше милост, му даде шест гола на Лацио

Интер немаше милост, му даде шест гола на Лацио

Интер буквално го прегази Лацио со 6:0 и му го нанесе најголемиот пораз на „Олмпико“ во историјата.

Дербито започна израмнето и ништо не наговестуваше на ваква историска победа на „нероаѕурите“. Во 40-та минута после ВАР беше досуден пенал, а сигурен од белата точка беше Чалханоглу. Четири минути подоцна Ди Марко зголеми на 2:0.

Второто полувреме почна со феноменален гол на Брела за 3:0, а потоа Лацио целосно се распадна.

Интер немаше милост и постигна шест гола за најубедливата победа на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…