Мартин Батурина секако е еден од најзабележливите фудбалери на Динамо и за хрватскиот репрезентативец има голем интерес, па се верува дека веќе на лето би можел да го напушти „Максимир“.
Уште летото Фиорентина беше конкретна и понуди околу 20 милиони евра за хрватскиот бисер и светскиот фудбал, но Динамо реши да го задржи во сезоната во која „Модрите“ имаат огромни проблеми во ХНЛ и веќе сега заостануваат седум бода зад водечкиот Хајдук.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Батурина секако е клучна фигура во тимот на Ненад Бјелица, но проблем е што нема адекватна замена, а Динамо има “море” интензивни и силни натпревари, поради што офанзивниот играч за врска речиси и нема одмор.
Меѓутоа, во меѓувреме не престануваат да пристигнуваат вести поврзани со неговата кариера и иднина. Познато е дека е во фокусот на гигантите како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а последните информации говорат дека ПСЖ сака да го купи за околу 25 милиони евра.
Овој 21-годишник порано или подоцна ќе замине од „Максимир“, но во клубот се надеваат дека ќе остане барем до летото, и сакаат да ја исклучат можноста за негова продажба во јануари.
Динамо добил интересна понуда од агенцијата „Dodici Sports Management (DSM)“, која е во сопственост на Марсело Симоњан и која управува со кариерата на големи играчи..
Агенцијата побарала од Динамо авторизација за трансфер на Батурина во три англиски гиганти, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во вредност од 30 до 40 милиони евра.
Сепак, Динамо одби и не сака на таков начин да го продаде својот најдобар фудбалер, иако изгледа дека кој било друг клуб од Балканот би се согласил да го продаде играчот преку оваа агенција за толку пари во некој од најсилните тимови во Европа.
Батурина инаку има договор со Динамо до летото 2028 година и според него заработува 450.000 евра годишно, што е помалку од неколку други играчи на Динамо.