Дома Фудбал Италија Погба: Сакам да разговарам со Мота, би играл за Јуве и за помалку пари

Погба: Сакам да разговарам со Мота, би играл за Јуве и за помалку пари

Французинот Пол Погба доби можност да се врати на терените откако суспензијата му беше намалена од четири години на 18 месеци и од март ќе може да игра официјални натпревари.

Но, Јувентус не смета на него и сака да го раскине договорот, додека тој тврди дека би сакал да прпдолжи во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Погба е спремен да игра за Јувентус и за помалку пари.

„Сакам дао станам во Јувентус, би играл и за помалку пари. Сакам да разговарам со тренерот Мота, верувам дека можам повторно да бидат ату за овој клуб. Ако тој прифати, финансиите нема да бидат проблем, лесно ќе се договориме“, изјави Погба.

Тврди дека за Милан никогаш не би заиграл.

„И да ми се јави Златан Ибрахимовиќ кого многу го почитувам никогаш не би потпишал за Милан. Јувентус е единствениот италијански клуб за мене. Потпис со голем ривал би било непочитување за фановите“, истакна Французинот.

Погба претходно се поврзуваше со МЛС лигата и Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …