Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд игра одлично во Франција каде што сезонава пристигна во дресот на Марсеј.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гринвуд во вчерашното второ коло го постигна веќе својот трет гол за клубот од „Велодром“. Напаѓачот со својот погодок го спаси тимот од пораз и донесе бод против Ремс (2:2).
Во претходното коло, Марсеј го победи Брест со 1:5, а во тој дуел Гринвуд беше стрелец на два погодоци.
Инаку, овие денови се појавија најави дека Гринвуд би можел да ја промени репрезентацијата и во иднина место Англија за која има еден настап да го носи дресот на Јамајка. Ќе потсетиме, Англичаните одлучија да не сметаат на него по обвинувањата за силување.