Дома Македонски спорт Мак фудбал Ново име во Вардар: Пристигна играч на Беса за поцврста одбрана

Ново име во Вардар: Пристигна играч на Беса за поцврста одбрана

Eкипата на Вардар се засилува со искусниот 33-годишен фудбалер Јасмин Мециновиќ кој пристигнува од екипата на Беса Добридол.

Мециновиќ игра на позицијата централен одбрамбен играч, а во нашиот тим доаѓа од екипата на Беса.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Станува збор за фудбалер со богато играчко искуство во својата кариера, во која настапувал за екипите на Скопје, Македонија Ѓ.П, Ренова, Пелистер, Струга и како интернационалец во екипите на Шериф Тираспол (Молдавија), Сонгдал (Норвешка), Егри и Ломбард Папа (Унгарија), Банатс (Ерменија), Рудар Плевља, Подгорица (Црна Гора), Трепча, Феризај (Косово), Мелака(Малезија), Нејмех (Либан)

За младата репрезентација на Македонија има забележано 13 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…