Дома Топ вести Хари Кејн САКА во Реал, но има и ЕДЕН услов кој „кралевите“ мораат да го исполнат!

Хари Кејн САКА во Реал, но има и ЕДЕН услов кој „кралевите“ мораат да го исполнат!

kane

Хари Кејн кариерата би можел да ја продолжи во Реал Мадрид.

Факт е дека постои интерес и од двете страни, а шпанските медиуми пренесуваат дека англискиот напаѓач би пристигнал во Мадрид само под еден услов.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според пишувањето на порталот „Diario Gol“ најголеми проблеми Реал оваа сезона има во нападот. Кристиано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема не се во најдобра форма, а претседателот на „кралевите“ веќе некое време се обидува да пронајде решение за овој проблем. И го пронајде на Островот, во ликот на напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн кој оваа сезона игра во фантастична форма.

Одличните настапи на Кејн беа забележани од Перез кој сега е спремен да го „одврзе“ ќесето и да го доведе англискиот репрезентативец на „Бернабеу“. Kејн оваа сезона веќе постигна 11 погодоци на 10 натпревари.

Прилика Перез да ги види неговите квалитети ќе има веќе утре во рамките од Лигата на шампионите кога Тотенхем гостува во Мадрид.

Кејн преку својот агент испратил јасна порка до Перез. Тој сака да биде „деветка“ на Реал без конкуренција што автоматски значи заминување на Карим Бензема, нешто со кое нема да се сложи Зинедин Зидан.

На социјалните мрежи навивачите на Реал веќе го истакнуваат своето незадоволство поради ултиматумот кој го поставил Кејн до клубот од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…