Дома Македонски спорт Мила Рељиќ во тесна борба поразена во четвртфиналето во Париз

Мила Рељиќ во тесна борба поразена во четвртфиналето во Париз

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ го заврши настапот на Олимписките игри со поразот во четвртфиналето од Либанката, Летиција Ајун.

Рељиќ денеска приреди големо изненадување со победата над Британката Џејд Џонс која беша една од најголемите фаворитки на турнирот, но во четвртфиналето македонската претставничка беше поразена со 2:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двете рунди беа изедначени, Рељиќ ја загуби првата рунда со 9:8, додека во втората беше 6:6, но ја загуби рундата поради тоа што противничката имаше удар во глава.

Треба да се каже и дека евентуален влез на Ајун во финалето ќе и донесе на Мила борба за медал преку рапасажот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…