Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гичевска потпиша договор со рускиот клуб Лада Тољати каде што ќе настапува следната сезона. Во Русија, Гичевска пристигнува од Стинта Букурешт од Романија и сега е подготвена за нов предизвик.
Во кариерата претходно македонската репрезентативка беше дел од Безансон и Самбре од Франција, хрватската Локомотива Загреб, а во Македонија беше дел од Вардар, Вардар Јуниор, Куманово и Металург.