Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 30.06.2024)

Тикет на денот (недела, 30.06.2024)

Фокусот денес повторно ќе биде во нокаут фазата од ЕУРО 2024, а покрај тие натпревари ќе имаме можност да гледаме и некои други дуели од светот.

Англија – Словачка – 1/1 @ 2.20 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англија со една победа и две реми заврши како првопласирана селекција во групната фаза од ЕУРО 2024 и сега се дел од нокаут фазата, а за противник ја имаат селекцијата на Словачка. Англичаните искрено сметавме дека ќе прикажат многу повеќе во групната фаза, но за нив е најважно тоа што го освоија првото место. Словачка имаше интересна ситуација во групите, но и тие без поголеми проблеми успеаја да стигнат до овој дел од турнирот што за нив самото учество е огромен успех. Без многу двоумење овде одлучивме да типуваме на домаќините и веруваме дека ќе доминираат. Наш предлог е 1/1 со квота 2.20 во Mozzart.

Аваи – Амазонас – 1 @ 1.78 во 22Bet

Аваи на овој натпревар влегуваат со добро расположение бидејќи во последните пет натпревари немаат пораз, поточно во тој временски период запишаа две победи и три реми и во моментов се наоѓаат на одличната втора позиција. Нивните амбиции се познати и сакаат преселба во повисок ранг. Амазонас пак е тим кој сака да обезбеди само навремен опстанок и веруваме дека ќе успеат во тоа без поголеми проблеми. Ние одлучивме да типуваме 1 со квота 1.78 во 22Bet.

Мариенхам – ХЈК – 2 @ 1.65 во Bet365

Во финската лига се игра со полна пареа, а денес од 15:00 ќе се сретнат екипите на Мариенхам и ХЈК. Мариенхам е на средината на табелата и ќе се бори до самиот крај за да заврши на позиција која може да ги одведи во плеј оф. ХЈК од друга страна има амбиции за лидерската позиција и веруваме дека ќе успеат во тоа бидејќи имаат навистина квалитетен тим. Ние овде очекуваме гостите да доминираат, па типуваме 2 со квота 1.65 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.46

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (среда, 18.08.2026)

Стигнавме до крајот на квалификациите за европските купови, но денес нема да имаме кој зна…