Денеска стартува продажбата на билетите за натпреварите во Пореч и Вараждин од Светското првенство во 2025 година. Покрај Хрватска, домаќини се уште Данска и Норвешка.
Ждрепката сакаше Македонија своите натпревари да ги игра во Вараждин. Цените на билетите се од 50 до 70 евра во зависност од местото на седење, а еден билет важи за двата натпревари кои се играат тој ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За македонските фанови е резервиран секторот К. Македонија на 15-ти јануари игра против Унгарија, потоа против Холандија на 17-ти, а групната фаза ја затвораме со натпреварот на 19-ти јануари против Гвинеја.
За главната рунда која ќе се игра исто така во Вараждин билетите се уште не се пуштени во продажба.
Билетите може да се купуваат на ОВОЈ ЛИНК.