Олександр Усик и Тајсон Фјури ја одржаа прес-конференцијата пред борбата која долго време се очекува.
Интересно беше однесувањето на Фјури кој воопшто не го ни погледна Усик и стоеше свртен кон публиката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа ја симна капата, ги затегна мускулите, разговараше со фановите, па дури и пееше, а сето тоа Украинецот мирно го следеше.
“Изгледа страшно. Дојдов да се опуштам и да чекам да влезам во рингот во сабота. Разговорите и интервјуата завршија. Опуштен сум и фокусиран”, одговори Фјури подоцна на прашањето зошто не го ни погледнал својот ривал.
Да потсетиме, борбата за обединување на шампионите во бокс во тешка категорија ќе се одржи во Ријад, а во рингот ќе влезат Фјури (шампион според ВБЦ) и Усик (шампион според ВБА, ИБФ, ВБО и The Ring).
Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис кој го направи тоа 1999 година.
FACE OFF 😤#FuryUsyk | May 18 | Live on DAZN: Click link in bio to buy.#RingOfFire | #RiyadhSeason | @Turki_alalshikh pic.twitter.com/IymEFxq6bV
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 16, 2024