Дарвин Нуњез неодамна ги изненади навивачите на Ливерпул така што на својот Инстаграм профил ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на „црвените“.
Таквиот потег на Уругваецот засега се толкува како најава за негово заминување од клубот од „Енфилд“. Според последните информации од Островот, агентот на Нуњез е во добри односи со Барселона која и се поврзуваше со негово доведување во случај да замине Левандовски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Ливерпул наводно биле свесни за ситуацијата и поставиле минимална цена за која би го пуштиле Нуњез да замине.
Нуњез пристигна во сезоната 2022/2023 во трансфер вреден 85 милиони евра од Бенфика, меѓутоа иако игра солидно, сепак никогаш не ги исполни очекувањата во целост. Неговиот договор е со важност до летото 2028 година.
Шпекулациите се дека Ливерпул е спремен да се откаже од неговите услуги за истата цена за која и го доведе, односно 85 милиони евра. Барселона во овој момент ги нема тие пари, меѓутоа би можела да ги добие во летниот преоден рок.