Фудбалерите на Интер Мајами убедливо ја совладаа Њу Ингланд Револушн со резултат 1:4.
Oва беше трета последователна победа за избраниците на Тејт Мартин и четврти последователен пораз за Њу Ингланд пред точно 65.612 луѓе, со што се сруши рекордот на „Жилет стадионот“ кога се во прашање фудбалските натпревари. Секако, причината е Лионел Меси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Билетите за овој натпревар беа во просек поскапи отколку за натпреварите кои Њу Ингланд Патриотс во НФЛ во лигата ги играат на истиот стадион.
Домашниот тим прв поведе преку Томаш Чанкалеј, а потоа на сцена стапи Меси. Аргентинецот постигна два гола и додаде две асистенции, со што стана првиот играч во историјата на МЛС лигата кој учествувал во головите на својот тим повеќе од еднаш на пет натпревари во низа.
Инаку, никој во историјата на МЛС немал директно влијание на повеќе голови од него во првите десет натпревари. Меси е на бројката од 17 со девет гола и осум асистенции.