Дома Трансфер зона Еден од најбараните Бразилци има специјална клазула, но важи до 1. јули

Еден од најбараните Бразилци има специјална клазула, но важи до 1. јули

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а изгледа дека во договорот на Бразилецот има специјална клазула.

Според информациите на италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула на 100 милиони фунти или 116 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати дадената сума во тој период, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.

Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари за негов ангажман, но веќе е познато дека Гимараеш бил на мета на Пари Сен Жермен.

Летниот преоден рок е блиску и останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…