Дома Фудбал Репрезентации Навивачите го исвиркуваа, Пике им возврати со аплауз и неверојатна изјава на Лоптеги! (Видео)

Навивачите го исвиркуваа, Пике им возврати со аплауз и неверојатна изјава на Лоптеги! (Видео)

pique

Во рамките од квалфикациите за Светското првенство Русија репрезентацијата на Шпанија ја совлада Албанија со резултат 3:0, во овој натпревар во центарот на вниманието повторно беше Жерар Пике.

Добро познато е дека Шпанците бараа исфрлување на Пике од репрезентацијата на Шпанија поради неговите залагања за Каталонија да добие независност.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во вчерашниот натпревар искусниот дефанзивец беше заменет после еден час игра, а на негово место влезе фудбалерот на Реал Мадрид, Начо. При напуштањето Пике доби силни свирежи од навивачите, но сепак тој ги поздрави и им возврати со аплауз.

Но, интересна беше и изјавата на тренерот Лоптеги кој пред неколку дена застана во одбрана на Пике.

„Нашите навивачи беа навистина одлични. Тие ги истакнуваат позитивните работи кои се случуваат во нашиот фудбал, но и во нашата држава. Додека ние истите дори работи мораме да ги прославиме и го сторивме тоа во соблекувалната“, истакна селекторот на репрезентацијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…