Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш побара да се промени едно од најпознатите правила во фудбалот

Бруно Фернандеш побара да се промени едно од најпознатите правила во фудбалот

Eден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед и португалската репрезентација, Бруно Фернандеш побара од одговорните во ФИФА да укинат едно од најпознатите, но веројатно и најбизарни правила во фудбалот.

Имено, Фернандеш смета дека фудбалерите не треба да добиваат жолт картон како санкција за соблекување на дресот. Причината поради која зборуваше на оваа тема е Амад Диало кој ќе го пропушти следниот натпревар поради соблекување на дресот во големата победа против Ливерпул од 4:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Диало со голот во 121. минута донесе триумф на Манчестер Јунајтед и при прославата на голот го соблече дресот.

„Во таков момент морате да славите и правилото кое што постои мора да се промени. Голот треба да го прославите онака како што ви лежи на срце, се радувате како што ви доаѓа во тој момент. Нормално, треба да остане почитта кон останатите клубови“, изјави 29-годишниот фудбалер за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Антонио се препороди во Бетис, но тоа нема да му помогне: Аморим најде замена за Бразилецот

Антонио ја препороди својата кариера во Бетис, но изгледа дека Рубен Аморим го прецрта за …