Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил имаше луда прослава на победата против Ливерпул од 4:3 во рамките од четвртфиналето во ФА Купот.
Тимот од „Олд Трафорд“ по првите 45 минути игра имаше негатива бидејќи Ливерпул водеше со 2:1, но во завршницата од натпреварот се вратија, а потоа во продолженијата стигнаа и до победа против најголемиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гери Невил, легендата на Манчестер Јунајтед и аналитичар на „Скај Спорт“ беше пресреќен за триумфот, а по победничкиот гол на Џало во последните моменти буквално врескаше од радост и со својата реакција ги воодушеви навивачите на Јунајтед.
Gary Neville over on Instagram. 😂 pic.twitter.com/wJrlC7IrWj
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) March 17, 2024