Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол во разговор за американскиот „ЕСПН“ ги избра најдобрите три напаѓачи на денешницата и изненади со изборот.
Екс-англискиот репрезентативец доби прашање: Кои се најдобрите напаѓачи на денешницата?
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За очекување беше помеѓу избраните да се најде барем од тројката Мбапе, Халанд и Кејн, но Кол се одлучи за тројца ветерани.
„Роберт Левандовски, Карим Бензема и веројатно Кристијано Роналдо. Тренерите се менуваат, а со тоа и стиловите на игра, но тие ја унапредија играта на едно повисоко ниво“, изјави Кол.
Кон средината на 90-тите Кол играше за Јунајтед во тандем со Двајт Јорк, а на 275 натпревари за „црвените ѓаволи“ постигна 121 гол и освои пет титули во Премиер лигата, два во ФА Купот и една во Лигата на шампионите.
Dwight Yorke & Andy Cole tearing up the Camp Nou pic.twitter.com/Njt591Q2Pv
— Former Footballers (@FinishedPlayers) February 21, 2024