Македонскиот фудбалер Томе Китановски направи трансфер во Австрија во редовите на Мауерверк каде што работи и екс-македонскиот репрезентативец, Илчо Наумовски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Китановски во австрискиот тим пристигнува од Слобода Ужице каде што се задржа неколку месеци откако пристигна минатото лето. Китановски во кариерата беше дел уште од Пелистер, Струга, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров…
Во овој момент Мауерверк се бори за опстанок во регионалната лига и 31-годишниот десен бек се очекува да биде сериозно засилување во продолжение од сезоната.