Дома Македонски спорт Забраната за македонското знаме на Австралија Опен било грешка

Забраната за македонското знаме на Австралија Опен било грешка

Македонската јавност вчера беше изненадена од информацијата дека македонското знаме е во групата на забранети на Австралија Опен.

Министерството за надворешни работи преку амбасадата во Канбера реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија како и до организатороот на турнирот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст.

Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.

Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…