Дома Македонски спорт Мак фудбал Дејан Илиев го напушти Хелсинки

Дејан Илиев го напушти Хелсинки

Македонскиот голман Дејан Илиев го напушти ХЈК Хелсинки, потврди клубот од Финска преку социјалните мрежи.

Илиев пропушти голем дел од сезоната поради повреда, а денес и официјално се раздели со клубот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


„Сезоната на Дејан Илиев заврши уште на крајот на јули со повреда по негови 11 натпревари, но голманот успеа да ги убеди навивачите во своите квалитети. Хелсинки не ја искористи опцијата во неговиот договор, па така тој заминува на друго место. Ти благодариме Дејан“, објави тимот.

Како нова дестинација за Дени Илиев се споменува босанскиот прволигаш Сараево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија повторно остана без Евробаскет

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Естонија со 84-65 и остана без …