Дома Фудбал Италија Хит изјава на фудбалерот на Јувентус: Тука научив да не трчам како кокошка без глава

Хит изјава на фудбалерот на Јувентус: Тука научив да не трчам како кокошка без глава

Фудбалерот на Јувентус, Венстон Мекени зборуваше како играњето во Јувентус го направило подобар на теренот.

Играчот од средниот ред претходно настапуваше за Шалке 04 и Лидс каде што беше како позајмен фудбалер. Сега е во Јувентус и под водство на Алегри ја покрива десната страна.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Улогата која ми ја даде Макс не беше нова за мене. Во Шалке играв како бек, па така ми е познато. Меѓутоа јас сум тимски играч и не ми е важно каква улога имам, сакам да му помогнам на тимот да има добри резултати.

Во Италија многу научив за фудбалот и тактиката, во Германија и Англија трчавме многу напред-назаад, тука помалку се трча, а повеќе се посветува на внимание на позиционирањето. Тоа е она што сакав да го унапредам место да трчам како кокошка без глав“, низ смеа прокоментирал Мекени за новинарите.

Јувентус вчера го победи Наполи со 1:0 во дербито на Серија А и во овој момент „старата дама“ изгледа како тим кој може до самиот крај да се бори за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…