„Се чувствуваме ограбено, тоа е се што можам да кажам околу судењето“, изјави претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис по домашниот пораз на италијанскиот шампион од Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот од Милан славеше во Наполи со убедливи 3:0 со што го потврди првото место на табелата. Интер има 35 бодови, Јувентус 33, Милан 29, додека Наполи е на петтото место и има дури 11 бодови помалку од Интер.
„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Направи некои клучни грешки и сите одеа на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави првиот човек на наполи и ги повика луѓето во италијанскиот фудбал да реагираат.
Воедно Де Лаурентис му забрани на новиот тренер Валтер Мацари да излезе на прес-конференција пред новинарите по натпреварот.