Maкедонецот, Наце Васев навивач на Јувентус успеа вчера по завршувањето на дербито помеѓу Јувентус и Интер (1:1) да влезе на теренот и да добие дрес од Мануел Локатели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Васев успеа да се протне покрај обезбедувањето на стадионот и да стигне до Локатели кој беше расположен да му го подари дресот. По добиениот дрес, тој се врати назад на своето место, без поголеми проблеми со редарите.
Покрај дресот Васев успеа да си обезбеди селфи фотографии со Влаховиќ, Костиќ, Гати…Секако вечер која ќе ја памети македонскиот навивач на „старата дама“.