Дома Фудбал Англија Конечно и добра вест за Манчестер Јунајтед

Конечно и добра вест за Манчестер Јунајтед

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се опорави од повредата и конечно се врати на располагање на Ерик тен Хег.

Манчестер Јунајтед потврди дека Лук Шо се вратил во тимот и дека најверојатно ќе може да настапи веќе овој викенд на гостувањето кај Евертон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шо е надвор од терените од крајот на август, а неговото отсуство се уште се чувствуваше на натпреварот со Манчестер Јунајтед, па ова е многу важна вест.

Ерик тен Хаг се обиде и со Регулион и Далот, но впечаток е дека Шо е убедливо најдобриот лев бек на Јунајтед.

Сега надвор од теренот се Лисандро Мартинез, Тајлер Маласија, Џони Еванс, Касемиро, а се очекува да се врати Расмус Хојлунд.

Манчестер Јунајтед во недела од 17:30 гостува кај Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…