Ракометниот тим на Металург ја изненади веројатно целата македонска со победата над Спортинг од 28:27.
Тимот од Автокомнда во текот на целата недела беа без тренер, но и покрај тоа успеаа да ги освојат првите бодови во Лигата на шампионите. Иако против себе имаа поискусен тим, Металург лавовски се бореше и на крајот заслужено славеше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличен во редовите на металурзите беше голманот Дарко Арсениќ кој одбране неколку зицери на Португалците, на полувреме македонскиот претставник замина со предност од 17:13.
На стартот од вториот дел Металург продолжи со добрата игра, но потоа следуваше мал пад во играта, па му дозволивме на Противникот да се врати на еден разлика, а тоа се случи на десетина минути пред крајот кога резултатот беше 25:24. Сепак, не дозволивме пресврт, а клучен беше погодокот на Вања Илиќ на една ипол минута до крајот на средбата.