Дома Македонски спорт Битка во Рим: Можни состави на Италија и Македонија

Битка во Рим: Можни состави на Италија и Македонија

Вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе се игра натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 помеѓу фудбалските репрезентации на Италија и Македонија.

Милевски најверојатно ќе оди со формација 3-5-2. На голманската позиција е Димитриевски, потоа во одбраната со тројца фудбалери Манев, Серафимов и Муслиу, петмина во средниот ред, Ашковски, Елези, Атанасов, Барди и Алиоски, а во нападот се очекува да бидат Елмас и Миовски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кај Италијанците Џакомо Распадори е фаворит да почне како централен напаѓач, со Жоржињо и Федерико Киеза, додека Федерико Гати доаѓа како замена за повредениот Алесандро Бастони.

Покрај Бастони, селекторот Спалети за претстојните дуели со Македонија и Украина не може да смета ниту на Локатели, Ретеги, Калабрија, Толои, Бираги и Скалвини кои исто така се на листата на повредени играчи.

МОЖНИ СТАРТНИ СОСТАВИ:

Италија (4-3-3): Донарума, Дармијан, Гати, Ачерби, Димарко, Барела, Жоржињо, Бонавентура, Берарди, Распадори, Киеза.

Македонија (3-5-2): Димитриевски, Манев, Серафимов, Муслиу, Ашковски, Елези, Атанасов, Барди, Алиоски, Елмас, Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …