Натпреварот помеѓу Италија и Македонија ако настапи ќе биде посебен за фудбалерот на Монца Андера Колпани кој го доби првиот повик во националниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Колпани зад себе има солидна сезона во Серија А и неговите настапи не поминаа незабележано од селекторот Лучијано Спалети.
За медиумите сега тој откри дека за повикот дознал преку социјалните мрежи.
„За мене е лудо што ќе играм во националниот тим со шампиони какви што имаа нашата селекција. На социјалните мрежи видов дека сум повикан. Пред крај бев со тренингот против Торино и го отворив мобилниот да ја видам листата на повикани фудбалери. Така дознав.
Но, со оглед на настапите, искрено се надевав дека ќе дојде повикот. Давам се од себе за Монца, голема е емоцијата да се биде дел од Италија, не можам да опишам“, изјави Колпани.