Дома Останати Тенис Денеска е 240-ти во светот, а за многумина е најдобар на сите времиња. Надал се враќа на тенисот

Денеска е 240-ти во светот, а за многумина е најдобар на сите времиња. Надал се враќа на тенисот

Рафаел Надал ќе игра на Австралија опен, потврди директорот на турнирот Крег Тајли. Шпанецот, 37-годишниот кој има освоено 22 грен слем титули, нема играно тенис од јануари кога се повреди во второто коло на Австралија Опен. Оваа година тој беше подложен на операции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Можеме ексклузивно да откриеме дека Рафа ќе се врати. Разговаравме неколку пати во последните неколку дена и тој ми потврди дека се враќа. Возбудени сме поради неговото доаѓање, одлично е“, рече Тајли за победникот на Грен слем 2009 година и во 2022 г

Надал, кој за многумина е најдобриот тенисер на сите времиња заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, ќе може да игра на Австралија опен благодарение на заштитениот пласман. Поранешниот светски тенисер број еден сега е само 240. на АТП-листата. Тој претходно изјави дека следната година ќе му биде последна во професионалниот тенис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…