Дома Фудбал Останато Луис Ван Гал се врати во клубот со кој ја освои Лигата на шампионите

Луис Ван Гал се врати во клубот со кој ја освои Лигата на шампионите

Холандскиот фудбалски стратег Луис Ван Гал ќе се врати во Ајакс во улога на советник, објави клубот од Амстердам.

Ван Гал кој минатата година објави дека боледува од рак ќе го советува Ајакс за фудбалски прашања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Би сакал да му помогнам на Ајакс. Мојот живот се одвива во Португалија и тоа добро се комбинира со оваа улога на советник“, изјави Ван Гал.

Инаку, Ајакс се наоѓа во една од најсериозните кризи во својата 123 години долга историја. Клубот во овој е на 15. Место во првенството.

Минатата година Ајакс го смени спортскиот директор Свен Мислинтат.

„Ван Гал е познат како еден од најуспешните тренери на сите времиња со повеќе од 20 национални и меѓународни трофеи. Со Ајакс ја освои Лигата на шампионите во 1995 година“, објави клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…