Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба се најде во центарот на голем скандал и под знак прашалник си ја стави понатамошната кариера откако неговиот тест на допинг во натпреварот со Удинезе покажал како позитивен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот сега треба да докажува дека не користел недозволени средства, а тестот бил натпревар по натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус во кој Погба влезе како резерва. Според протоколите мора да се направи и втор примерок пред да биде изречена сериозна казна.
Погба привремено е суспендиран од италијанската анти-допинг агенција и му забрани да биде дел од следните натпревари, а конечниот исход ќе се знае по целосното истражување.
Во медиумите кратко се огласи и агентката на Погба, Рафаела Пимента.
„Во исчекување сме на тестот од ториот резултат и не можеме да кажеме ништо повеќе додека не го добиеме тоа. Единствено сигурна работа е дека Пол Погба никогаш не се обидел намерно да го прекрши правилата“, изјави Пимента.