Дома Фудбал Останато Стоичков жестоко удри по Дембеле: Во мое време ќе чистеше копачки!

Стоичков жестоко удри по Дембеле: Во мое време ќе чистеше копачки!

Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков (57) жестоко го критикуваше Осман Дембеле.

Поранешниот фудбалер на Барселона гостуваше во ТВ емисија каде што не штедеше критики на сметка на Французинот. Дембеле пред шест години пристигна во Барселона за 140 милиони евра и никогаш не ги оправда очекувањата. Сега сака да се пресели во ПСЖ за 50 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас научив што е Барселона. Учев во ерата на сите најголеми фудбалери во клупската историја. Знаев што е историјата на Барселона. А ти? Ти никогаш нема да сфатиш што е Барселона, тоа ти го кажува Христо Стоичков. Ако не сакаше да останеш во Барселона, барем немој да го срамиш овој грб. Кажи дека не сакаш да бидеш во клубот, фрли го дресот и замини. Измами многу луѓе дека знаеш да играш фудбал“.

„Тоа ти го кажувам затоа што и јас играв на истата позиција. Не се обиде ништо да научиш од играчите на твојата позиција кои беа пред тебе. Ако не ти се допаѓа клубот, никој не те држи со сила. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и не ка си замине. Во мое време таквите фудбалери ќе чистеа копачки“, изјави Стоичков.

Стоичков за Барселона играше од 1990 до 1995 година и од 1996 до 1998 година. На 214 натпревари постигна 108 голови, освои пет титули шампион на Шпанија, два домашни купа и четири суперкупа, Лига на шампиони и Куп на победниците на куповите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…