Македонскиот фудбалски ас и репрезентативец, Елиф Елмас наскоро треба да добие нов договор од Наполи со подобра понуда од актуелната. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис сака што побрзо да се затвори ова прашање.
Елмас со Наполи има договор до 30 јуни 2025 година и плата од 1,5 милиони евра, а сега според најавите би требало да добие најмалку нов тригодишен договор и со тоа Наполи да го врзе до 2028 година, а македонскиот фудбалер за врска да добие зголемување на платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации од Неапол, на Де Лаурентис му се брза во најскор можен рок да го реши проблемот за да не се доведе во ситуација Елмас да влезе во последната година од договорот, свесен дека за него има сериозен интерес од многу клубови, па на крај да мора да го продаде за помалку пари од што го цени или на крај да го загуби и бесплатно.
Елмас во Наполи е од јули 2019 година, ова ќе му биде петта сезона во Наполи и досега има 173 настапи за наполитанците и 17 гола.
Македонскиот дијамант во последнава година беше поврзуван со Милан, Ливерпул, Борусија Дортмунд и Бенфика, кои покажаа интерес.